Бугарскиот научноистражувачки брод „Св. Св. Кирил и Методиј“ тргна кон Антарктикот
- Дело-Скопје

- Nov 8
- 1 min read

Научноистражувачкиот брод „Св. Св. Кирил и Методиј“ (НИК 421) отплови од Варна по свечена церемонија на испраќање на Морската пристанишна станица, јавува БНР. Во рамките на своето четврто патување до Антарктикот, се очекува бродот да пристигне до бугарската антарктичка база на островот Ливингстон кон крајот на декември, а враќањето е предвидено за средината на април 2026 година, соопшти капетанот Радко Муевски.
Во тековната 34. поларна експедиција во базата на Ливингстон, заедно со бугарските ќе работат и научници од Грција, Црна Гора, Романија и Обединетите Арапски Емирати. Ќе се реализира проект посветен на морската биолошка разновидност, во соработка меѓу бугарски истражувачи и нивни колеги од Португалија и САД. Како и досега, ќе продолжи и соработката со Шпанската атлантска програма и со тимови од Аргентина и Перу.
Планирани се бројни проекти во областа на микробиолошките истражувања, морската биологија, медицината, социологијата, вселенските истражувања и океанологијата. Ќе продолжат и систематските набљудувања на поларната околина во контекст на климатските промени.
Извор:https://tribuna.mk/


Comments