Бугарскиот амбасадор Ангелов присуствуваше на прославата по повод Денот на лозарите во Кавадарци
- Дело-Скопје
- Feb 17, 2023
- 1 min read

Бугарскиот амбасадор во РС Македонија Ангел Ангелов присуствуваше на традиционалната прослава по повод празникот Св. Трифун, која се одржува во градот Кавадарци.
Ангелов заедно амбасадорите на Италија, Чешка, Кина и Босна и Херцеговина, а исто така и дипломати од амбасадите на Германија и Франција во Република Северна Македонија, бил официјално поканет од градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Подоцна истиот ден, амбасадорот Ангелов се сретна со претставници на бугарската заедница од регионот, на која се разговараше за главните аспекти на предизвиците со кои тие се соочуваат во тековниот период, се вели во соопштението на бугарското МНР.
Традиционално на Денот на лозарите Св. Трифун, дипломати од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и од Генералниот конзулат во Битола учествуваат на одбележувањето на празникот во различни општини во државата.
Лозарската индустрија е клучна за егзистенцијата на населението и економскиот развој на голем број региони во Северна Македонија, се вели уште во соопштението.
Извор:https://tribuna.mk/
Comments