top of page
Writer's pictureДело-Скопје

Бугарската амбасада во Скопје го одбележа 3-ти март- Националниот празник на Република Бугарија



Амбасадата на Бугарија во Скопје ја прослави 145-годишнината од обновувањето на бугарската државност и создавањето на Третата бугарска држава со прием на кој присуствуваа претставници на владата, дипломатскиот кор во земјата, политичките сили во Северна Македонија, градоначалниците од различни градови во земјата, претставници на бизнисот, бугарската заедница, пријатели од Северна Македонија и Бугарија.




„Мило ми е што можевме да се собереме во толкав број да го прославиме празникот. За жал, пандемијата Ковид-19 ни постави сериозни предизвици и во меѓучовечките и во меѓудржавните односи. Од една страна, тоа беше можност да се покаже солидарност, а Бугарија тоа го покажа со тоа што го остави аеродромот во Софија отворен за враќање на 15.000 граѓани на Република Северна Македонија во нивните родни места. Донирани се повеќе од четири тони хуманитарна помош и 650 парчиња специјална заштитна облека за лекарите од првите редови. Од друга страна, политичките средби престанаа и беа заменети од нерегуларни хибридни информации. Сметам дека основата на дипломатијата е дијалогот, а улогата на дипломатите е да градат мостови. Тоа е можно само преку личен контакт“, рече во својот говор амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија, Ангел Ангелов.




Тој посочи дека војната во Украина, која поставува многу прашања во меѓународните односи, ја покажа важноста на членството на Република Северна Македонија во НАТО, што Бугарија безусловно го поддржа.




„Во овие динамични времиња предвидливоста е условен концепт, не знаеме што не чека утре, затоа се зголемува улогата на евроинтегративниот процес. Европските интеграции, како разбирање на интеграцијата на општеството, од владеење на правото до екологијата, од одбраната до образованието, навистина во сите сфери на јавниот живот. Република Северна Македонија има можност да ги започне вистинските преговори со ЕУ откако ќе ги исполни своите обврски преземени со одлука на Парламентот и Советот на ЕУ. Тоа што билатералната трговска размена за 2022 година за прв пат во историјата надмина милијарда евра покажа дека насоката е правилна и дека добрососедските односи немаат алтернатива. Времето е во ваши раце.




Ќе продолжиме да бидеме тука, бидејќи не се очекува Бугарија и Северна Македонија да ја променат својата географија. Ќе продолжиме и со бугарската развојна помош, со неа поддржуваме голем број проекти во различни области, како највидливиот од нив да е наменет за децата и лицата со посебни потреби“, истакна амбасадорот Ангелов. Тој додаде дека преку овој механизам се изградени и поддржани два дневни центри за деца со аутизам – во Скопје и во Охрид. Со помош на програмата се гради уште еден – во Тетово, а ќе се поддржи и првиот дневен центар за возрасни со аутизам во Скопје.




Амбасадорот на Република Бугарија во Северна Македонија им се заблагодари на сите здруженија и родители на деца со посебни потреби, кои исто така беа присутни во салата во „Александар Палас“.


На приемот свиреше квартетот „Destiny“, во кој членуваат девојки од Бугарија и Северна Македонија.


Commentaires


bottom of page