top of page
  • Writer's pictureДело-Скопје

Бугарин стана светски првак во пливање во ледени води



Пливачот Радостин Крстев со светски рекорд стана светски шампион во пливање во ледени води, триумфирајќи на 500 метри слободен стил во францускиот град Самоес. Крстев добил и Гинисов сертификат за своето достигнување, објави НОВА.


„За првпат учествував на вакво Светско првенство. Јас сум многу задоволен од постигнатото. Исполнив три мои детски соништа“, изjaви Крстев.


Неговиот прв шампионат на отворени води бил во Малта.


„Сè уште пливам во базен, а јас сум натпреварувач во Америка, пливам за еден универзитет таму. Но, сега сум во трансфер порталот и размислувам да се преселам на Флорида, на некое потопло место“, изјави Радостин Крстев. Тој сподели дека со пливање почнал да се занимава уште како дете, прво тренирал во пливачкиот клуб „Вихрен“ од градот Сандански.

Линк до видеото:https://www.vbox7.com/play:311ae51b41


bottom of page