Бугарија за поредна година беше претставена на дипломатскиот хуманитарен базар во Скопје
- Дело-Скопје

- Dec 1, 2025
- 1 min read

Амбасадата на Бугарија во Република Северна Македонија и Бугарскиот културно-информативен центар за поредна година учествуваа со свој штанд на дипломатскиот хуманитарен базар што вчера се одржа во Скопје по повод Светскиот ден на детето. На штандот гостите можеа да пробат традиционални пијалоци, храна и да купат предмети со бугарски симболи. Со собраните средства ќе бидат поддржани хуманитарни каузи.
Покрај бугарската амбасада, учество во базарот зедоа голем број амбасади кои имаа свои штандови, каде што посетителите можеа да ги пробаат традиционалните јадења од различни земји, како и да купат автентични подароци, ракотворби, приврзоци и други уникатни предмети. Меѓу учесниците беа амбасадите на Австрија, Германија, Италија, Шпанија, Турција, Јапонија, Кина, како и Делегацијата на Европската Унија и Институтот „Конфучие“.
На хуманитарниот дипломатски базар пред две години беа собрани вкупно 500.000 денари, а најмногу средства беа собрани од штандот организиран од бугарската амбасада во Северна Македонија, кои беа поделени на три организации на лица со посебни потреби.
Извор:https://tribuna.mk/


Comments