top of page
Writer's pictureДело-Скопје

Бугарија и Македонија ќе ги поврзуваат своите најпознати вински дестинации



Бугарскиот министер за туризам д-р Илин Димитров го посети бугарскиот штанд на саемот International of Tourism (IFT) отворен во главниот град на Србија, Белград.


За време на саемот министерот Димитров се сретна со Љупчо Јаневски, директор на Националната агенција за промоција на туризмот на Северна Македонија. Двајцата се договорија да разменат списоци на инфлуенсери за онлајн промоција на двете земји.


Меѓу идеите за кои се разговараше беше и поврзувањето на винските дестинации на двете земји.


Во Бугарија и Северна Македонија има над 200 перспективни места каде туристите можат да уживаат во вкусот на квалитетно вино. Министерот Димитров го покани директорот на агенцијата за туризам на Северна Македонија да ја посети Бугарија на крајот на мај годинава, кога Бугарија ќе биде домаќин на 68. седница на Регионалната комисија „Европа“ на Светската туристичка организација при Обединетите нации.



Comments


bottom of page