top of page
Writer's pictureДело-Скопје

Бербатов: Мој идол беше Дарко Панчев, човекот даваше голови на сите можни начини!



Легендарниот бугарски фудбалер и поранешен прв стрелец на англиската Премиер лига, Димитар Бербатов, во интервју за српскиот „Блиц“ изјави дека идол му бил Македонецот Дарко Панчев.


„Ако би можел да се вратам во минатото, еден од моите омилени играчи за кого не сум зборувал многу е Дарко Панчев. Тој човек постигнуваше голови на сите начини. Го обожував начинот на којшто го прави тоа. Можеби и поради името, Дарко Панчев. Тој ми беше омилен“, вели некогашната ѕвезда на Манчестер јунајтед, кој кариерата ја почна како младинец во Пирин од родниот Благоевград и стигна до европските височини.


Comments


bottom of page