top of page

9-ти октомври!( Цвеќиња и Куршуми! )

Writer's picture: Дело-СкопјеДело-Скопје


Пишува: Аргир од Б’лгарско Блаца


На 9-ти октомври 1934 година, во францускиот град Марсеј кадешто е на официјална посета тиранинот на “државата затвор на народите” т.н. Југославија, српскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, покрај многуте цвеќиња од насобраните Французи и Срби, добива и неколку куршуми од бугарскиот смел јунак на историското ВМРО Владо Черноземски.

Секој куршум истрелан од пистолетот, како да е во името од поробените од Србија народи: Македонските Бугари, Хрвати, Словенци, Албанци!..

Како последство на овој успешен атентат, организиран од Македоно-Бугарски и Хрватските организации за слобода и независност, тиранинот српски крал оди во вечен заборав, а Владо Черноземски добива безсмртност и вечен памет во мислите и срцата на народот за коешто тој се саможртвува.


Вестот за смртта на српскиот крал предизвикува радост во поробените народи. Черноземски се одмаздил за теророт над Бугарите во Македонија, Хрватите и Албанците, и се претворил во херој. Вдовицата на хрватскиот политичар Стјепан Радиќ, којшто умрел од раните, после атентатот во скупштината во Белград 1928 година, ги изрече паметните зборови: “Благословена да е раката на Черноземски!”

Хрватскиот весник “Независна Хрватска Држава” на бројот од 13 октомври 1934 година по повод атентатот пише: “Падна, затоа што требаше да падне. Падна, затоа што беше злосторник, каков што земјата ни по-рано не е познавал…”

Весник “Хрватски Лист” излегува со ударна насловна страна: “Хрвати, тиранинот е мртов”.


Американскиот писател Луис Адамик, којшто 10 месеци заобиколува Југославија и познавал лично српскиот крал, пише: “За да се одговори наполно на причините, коишто предизвикуваа убиството на кралот Александар, треба да се напише цела книга!.. Сретнав Хрвати, на коишто пазувите беа изгорени од жежок јаглен во кралските ќелии за мачење. Во маларичните села на Македонија јас изброив многу политички изгнаници, коишто умираа бавно, осудени од кралските судници… Немаше слобода на печатот и протестите. Книгите се конфискуваа. Писатели и новинари коишто ќе имаа дрзост да пишат вистината односно режимот во Белград, биваа затворени во маларичните села на Македонија. И кога ги пишувам овие редови, јас не знам кој е убиецот. Но, јас верувам дека тој се смета за патриот и неговото дело е дело на патриотизам.”


Во бројот од 18 октомври 1934 година, на весникот “Македонска Трибуна” печатена од “Македонската Патриотическа Организација” на Македонските Бугари во САД и Канада, ги читаме следните редови: “Пред подвига на Владо Черноземски, Македония и Хърватско навеждат глава и казват: Да бъде вечно името на смелия македонски син, който донесе още по-голема бодрост и по-силна вера в душите на народа в борбата му за свобода и независимост!”


Вестот за атентатот во Марсеј на 9ти октомври 1934 година, пристигнува и во островот Бујукада ( Принкипо ) на Мраморно море, веднаш до Цариград – Турција, кадешто се наоѓаат во изгнание последниот водач на историското ВМРО Иван Михајлов и сопругата му Менча Крничева. Легендарната двојка привремено е настанена во семејната куќа на Македонските Бугари Стумбови, под строга заштита од страна на турската полиција.

Не е тешко да се претпостави, со какви разбранувања ја примаат веста за успешниот атентат, но и чувството на тага за гибелта на херојот Владо Черноземски.

За Иван Михајлов, убиството на српскиот крал е одмазда за целиот терор со цел асимилација, извршен од Белград, врз Македонските Бугари, но и одмазда за превратот од 19 Мај 1934 година, во Царство Бугарија, извршен од про-југословенските политичари – предавници, со чија одлука се забрани дејноста на историското ВМРО, заради кое Михајлов и сопругата му требаше илегално да ја преминат бугарско-турската граница и да побарат азил од турските власти, тоест од стариот и верниот пријател на Иван Михајлов, Мустафа Кемал Ататурк.


Да завршиме со една стихотворба, напишана точно пред 100 години, од незаборавниот херој Владо Черноземски, посветен на легендарниот и последниот водач на историското ВМРО, Иван Михајлов.


КОПНЕЖЪТ НА РЕВОЛЮЦИОНЕРА


С едно желание душата си обжарвам,

С едно стремление по пътя към върхът;

С едно копнение – ръждивите окови,

С един замах да ти разбия там, где духа си калих


Че любя волността на буря – в гърмежа,

Като молния проблясва във нощта;

Че любя аз сломените крила в стремежа,

Крила сломени в красота.


17.01.1924 г.


Comments


bottom of page