top of page
Writer's pictureДело-Скопје

15 јануари 1992, Бугарија прва ја призна независноста на Македонија

На денешен ден пред 31 година (15 јануари 1992 г. ) Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава под нејзиното уставно име. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија. Дипломатските односи на ниво амбасади, меѓу двете земји беа воспоставени на 14 декември 1993 г. Интересно е да се спомне дека тогашниот бугарски председател д-р Жељу Желев лобирал за признавањето на Република Македонија.



Во историјата на македонската државотворност посебно место има гестот на признавањето на независноста од страна на Република Бугарија. Тој чин имаше многу сериознo политичкo значењe, но и голема доза на симболика. За Македонија, за регионот и за светот беше важно дека една соседна држава прва ја признава новата балканска реалност создадена со волјата на македонскиот народ изразена на референдумот од 8 септември 1991 година.



コメント


bottom of page