top of page

ПОДНЕСЕНИ ПРЕТСТАВКИ ДО КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Writer's picture: Дело-СкопјеДело-Скопје

Здружението “ДЕЛО“- Скопје, во рамки на својот проект „Стоп на говорот на омраза против Република Бугарија и Бугарскиот народ“ на ден на ден 21.02.2022 година до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација од наша страна е поднесена претставкa против лицето: Јанко Бачев, претседател на политичката партија „Единствена Македонија“ заради тоа што на ден 30.01.2022 година, во 14:02 часот, на сопствената фан страна на фејсбук, постирал содржина со наслов “Мора да си ја вратиме државата назад“, со фотографија на која текстуално е напишано дека “И Албанците и Бугарите во Македонија да престанат со антимакедонските барања“. “Ова е Македонија. Приспособете се или ЗАМИНЕТЕ“. “Бараме да се прилагодите на нас, а не обратно“. Со овој пост, пријавениот допринел да има над 950 допаѓања и над 275 споделувања, со што поттикнал стотици шовинистички, ксенофобични и дискриминаторски коментари спрема граѓаните на Р.С.Македонија кои се чувствуваат за бугари и албанци, како и спрема Р.Бугарија и бугарскиот народ и спрема албанскиот народ. Веста за овој пост е пренесена и од порталот www.narodenglas.com на ден 31.01.2022 година со наслов “ШОКАНТНО – НАД 200 ЛУЃЕ ЈА ШЕРУВАЛЕ ОБЈАВАТА НА ЈАНКО БАЧЕВ ВО КОЈА ИМ ПОРАЧУВА НА АЛБАНЦИТЕ И БУГАРИТЕ ДА СЕ ИСЕЛАТ ОД МАКЕДОНИЈА“. Дополнително на ден 08.02.2022 година, лицето Јанко Бачев, повторно на неговата фан страна на фејсбук постирал содржина со наслов “Да сме нормална држава треба да се ПОЗАНИМАВАМЕ СО БУГАРИТЕ во Македонија или поточно, МАКЕДОНСКИТЕ ЈАНИЧАРИ кои НЕ ИЗДРЖАЛЕ ВО ИСТОРИЈАТА“. Овој пост има над 120 допаѓања, над 10 споделувања, така што повторно во јавноста наведеното лице поттикнал шовинистички, ксенофобични и дискриминаторски коментари спрема граѓаните на Р.С.Македонија со бугарско национално самосознание. Линкови од објавите:


https://www.facebook.com/photo...

https://www.facebook.com/photo...


Поднесовме претставка и против лицето Миленко Неделковски, новинар и водител при што во претставката освен што беа наведени делата сторени од именуваниот за кои е поднесена кривична пријава ги, истото лице сега повторно на ден 04.02.2022 година на својот youtube канал Milenko Nedelkovski, емитувал аудио-визуелен запис со наслов “Глупите бугари!!!“, при што се обратил до јавноста, предизвикувајќи говор на омраза и навредливи содржини кои поттикнуваат директна дискриминација, раздор, нетрпеливост кон Р.Бугарија и Бугарскиот народ. Линк од видео записот:



Comments


bottom of page