top of page

ЗА НАС
Здружението на граѓани за промоција, издавање, иницијативи и меѓународна соработка “ДЕЛО“ Скопје, е основано на 28.02.2021 година.

Согласно статутот, главни цели на здружението се:

 

01
Заложба за воздигнување на достоинството и духовните вредности на граѓаните на Република Северна Македонија, без разлика на нивната етничка, јазична, верска, политичка, полова, социјална и друга припадност.
 
02
Заложба за правна држава, доследно спроведување на законите и правните процедури и самостојност во одлучувањето на судовите.
 
03
Слобода на говорот и печатот, спротивставување на секаков вид политичко туторство врз новинарството, цензурата и интервензионизмот во новинарските прилози.
 
04
Помагање и почитување на правата на сите граѓани и спротивставување на какви било изрази на говор на омраза, нетолеранција, шовинизам, сегрегација и стигматизација врз основа на полова, расна, етничка, јазична и верска основа.
 

05
Иницијативи за градење на пријателство и добрососедство со сите соседни држави.
 

06
Популаризациja на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
 
07
Секаква помош во аспирациите за зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија и запознавање на граѓаните со ЕУ институциите и нивното значење за Република Северна Македонија.
 
08
Градење на политики за обезбедување на рамноправност на граѓаните за слободно изразување и застапување на идеолошки, политички, национални, верски и други ставови.

bottom of page